Виктор Касаи судија на натпреварот Милан – Арсенал

13/02/2012 15:05

 

Највозбудливото европско клубско натпреварување, Лигата на Шампионите продолжува во вторник, а само ден покасно од 20:45 ќе се одигра најинтересниот  натпревар од 1/8 финалето а тоа е натпреварот помеѓу  тимовите на Милан и Арсенал.

Како што соопшти официјалниот сајт на Милан, главен арбитар на мечот ќе биде судијата од Унгарија, Виктор Касаи.

Негови помошници ќе бидат Габор Ерош, Ѓорѓи Ринг, и Истван Вад кој исто така е од Унгарија.