Тиаго Силва најдобар бразилски фудбалер во Европа!

01/01/2012 18:15

 

Дефанзивецот на Милан, Тиаго Силва беше избран за најдобар бразилски фудбалер, кој се натпреварува во Европа.

2011 беше одлична година за Силва, во која бразилецот се претвори во еден од најдобрите дефанзивци во светот и секако клучен играч на италијанскиот гигант и бразилската фудбалска репрезентација.

Читателите на Sambafoot.com исто како и фудбалските специјалисти и поранешните фудбалери на Бразил гласаа за најдобар бразилски фудбалер во Европа а тоа признание го доби, ни повеќе ни помалку туку Тиаго Силва.

На второто место беше Дани Алвеш додека пак третата позиција му припадна на играчот на Порто, Хулк.Да не заборавимеда напоменеме дека останатите бразилци во Милан, Робињо и Пато беа на 9-тото односно 10-тото место.