Се очекуваат казните за фудбалерите од „гужвата“ на дербито на сезоната!
Војната која се појави на теренот и особено надвор од него за време на супер-дербито во Италија меѓу Милан и Јувентус продолжува со полна сила.
Двата тима сакаат казни за ривалите за она што се случи за време на натпреварот.
Од Јувентус очекуваат казни за Филип Мексес, кој го удри во ребрата Бориело без топка, и за Сали Мунтари за удар врз Лихтштајнер.
Од Милан пак го обвинија Андреа Пирло дека два пати со лакт го удрил Ван Бомел. Одлуките на спортската рбитража ќе бидат донесени денеска попладне.
Најважното решение е за разменетите навреди меѓу Адријано Галијани и тренерот на Јувентус, Антонио Конте. За овој случај има и сведоци.
Според прогнозите на италијанските медиуми, најверојатно Филип Мексес ќе биде казнет за ударот без топка врз Марко Бориело на почетокот на второто полувреме.
Казна ќе има сигурно и за Пирло, затоа што на снимката се гледаат посочените активности на екс-фудбалерот на „росоњерите“ врз Ван Бомел. Сепак, последниот збор ќе го имаат арбитрите од дисциплинскиот состав на Серија А.