Неста: Време е за заминување

10/05/2012 16:24

Легендата на Милан, Алесандро Неста на денешната прес конфренеција објави дека после 10 прекрасни години поминати во Милан, време е да го напушти Сан Сиро.

На емоционалната прес конференеција, легендарниот Неста им се заблагодари на сите соиграчи и истакна дека после 10 прекрасни години во Милан исполнети со среќа време е да замине и да бара нов предизвик.

„Ова е мојата последна сезона за Милан.Време е да го напуштам овој тим.Го напуштам Милан затоа што нивото на игра во Серија А и Лигата на Шампионите за мене сега е премногу високо.Ќе одам во некој тим каде што нивото на игра не е толку високо.Оваа одлука ја донесов после 10 среќни години поминати во Милан.Запознав одлични луѓе и освоив многу трофеи.Сега е време да одам некаде каде што сеуште можам да играм добро и да му помогнам на клубот.“

„Одлуката за напуштање на Милан ја донесов уште во Февруари.Им соопштив на раководството и тие се согласија.Сеуште немам потпишано никаков договор но имам понуди од многу клубови.“