Милан заинтересиран за Ригони

05/06/2012 15:10

Спортскиот директор на Новара, потврди дека Милан и Џенова се заинтересирани за Maрко Ригони.

32-годишниот Ригони, беше еден од најдобрите фудбалери во тешката сезона за клубот од стадионот Силвио Пиола кој се пресели во втората италијанска лига.

„Да, Милан и Џенова се заинтересирани за Ригони.“ – рече Кристиано Гираета за Sportitalia.

„Но тоа е нормално, знаејќи дека изминатава сезона тој прикажуваше одлични игри во дресот на Новара.Ќе почекаме и ќе видиме што ќе се случи.