Милан цели кон освојување на Скудетото, вели Галијани
Тимот на Милан ги започна своите подготовки за новата сезона, со намера по 19-ти пат да ја освојат шампионската титула во домашното првенство.
Фудбалерите на седумкратниот европски шампион, после одморот и обврските со своите репрезентации, утринава се собраа во тренинг центарот Миланело.
„Нашата главна цел е да го освоиме Скудетото“- истакна потпретседателот на Милан, Адриано Галијани.
„Сметам дека нашиот тим е доволно добар да се бори за целта што си ја поставивме самите на себе.Неколку фудбалери сеуште не им се приклучиле на тренинзите, но во Миланело има нови личности како Ачерби, Кевин Констант и Траоре.“
„Росонерите“ сезоната ќе ја започнат без ветераните кои долго време беа дел од клубот, како Филипо Инзаги, Гатузо, Неста и Кларен Сидорф