Милан и понатака е опција за Сидорф

30/05/2012 17:24

Поранешниот холандски репрезентативец, Kларен Сидорф не ја отфрла можноста да остане во Милан и следната сезона и покрај понудите од други странски клубови.

Сидорф призна дека неговата преселба во друг клуб не е сигурна па затоа не ја отфрли ни можноста да остане во тимот на Милан уште една сезона.

Искусниот играч од средината на теренот има понуда од тимот на Ботафого, но вели дека засега не донел никаква одлука за својата иднина и сеуште ги разгледува понудите.

„Сеуште не одлучив каде ќе ја продолжам мојата кариера, но постои можност и да останам таму каде што сум.Единствено што е сигурно е дека нема да ја завршам кариерата ова лето.“ – рече Сидорф за италијанските медиуми.