Ибрахимовиќ: Ова е најдобрата сезона во мојата кариера
Напаѓачот на „росонерите“, Златан Ибрахимовиќ по вчерашниот натпревар со Рома на кој постигна два погодоци и му донесе победа на својот тим, изјави дека се чуствува прекрасно а исто така кажа дека ова според него е неговата најдобра сезона во кариерата.
„Мислам дека тоа е најдобра сезона во мојата кариера. Во првенството формата ми е повеќе од перфектна. Се чувствувам одлично физички и психички. “, изјави Ибра по дуелот на„ Сан Сиро“.
„Без своите соиграчи немаше да сум овај што сум сега. Кога момчињата од тимот се среќни, јас исто така сум среќен. Жал ми е само за повредата на Тиаго Силва. Имаме потреба од него во секој од преостанатите натпревари.Сега не чека возбудлив дуел со Барселона. Тие се најдобриот тим во светот, но ние немаме што да изгубиме.“ – заврши шведскиот репрезентативец.