Галијани: Тиаго Силва? Ќе одолееме на понудите
Се говори дека Тиаго Силва е мета на неколку клубови помеѓу кои Барселона и Манчестер Сити, а шпекулациите на медиумите велат дека до управата на Милан би можеле да стигне и понуда вредна околу 50 милиони евра за услугите на Бразилецот.
Но ’Росоњерите’ не сакаат да слушнат за продажба на дефанзивецот, и Адриано Галијани верува дека ќе успеат да одолеат на понудите и да го задржат Тиаго Силва.
“Ќе сториме се што е возможно и невозможно за да одолееме.” – рече потпретседателот на Милан. “Тиаго Силва ќе остане во Милан.“
“Секако, има клубови кои можат да понудат многу. Тиаго Силва е под опсада. Се чини дека сите го сакаат. Богати клубови со богати сопственици.”