Галијани: Десетката му ја ветив на Ибра
Адриано Галијани уште еднаш изјави дека Златан Ибрахимовиќ ќе остане во Милан и наредната сезона и откри дека на Швеѓанецот му го ветил дресот со број 10.
Медиумите постојано пишуваат дека Ибрахимовиќ ќе се пресели во тимот на ПСЖ, но потпретседателот на „росонерите“ овие пишувања ги окарактеризираше како невистинити и изјави дека Швеѓанецот ќе го носи црвено црниот дрес и наредната сезона.
„Неговите фудбалски успеси говорат дека тој е роден победник.“- рече Галијани.
„Пресреќен сум што поседуваме фудбалери кои полудуваат кога на тимот не му оди добро, затоа што тоа повеќе ми годи отолку да гледам играчи кои се рамнодушни.“