Дидак: Сакам повторно да играм во Милан
Агентот на Дидак Вила изјави дека неговиот клиент посакува да се врати на Сан Сиро ова лето и да се докаже во дресот на Милан.
Шпанскиот дефанзивец им се придружи на „росонерите“ во Јануари 2011-та година, но одигра само еден натпревар за италијанскаиот клуб пред да се врати на позајмица во Еспањол минатото лето.
„Дидак посакува да се врати во Милан иако знае колку ќе биде тешко да се избори за место во стартниот тим во таков голем клуб“-рече неговиот агент за Milan News.
„Ние сме подготвени да седнеме на маса со челниците на Милан и да ја разјасниме иднината на мојот клиент“