Алегри: Ночерино може да постигне 15 гола

18/12/2011 18:02

 

Алегри ги пофали ,=Антонио Ночерино и Таје Таиво, и кажа дека  Ночерино може да дојде до бројката од 15 погодоци оваа сезона.

“Се надевам дека Ночерино ќе постигне 15 гола оваа сезона.Тој веќе постигна 6 и се промовира како вистински играч на Милан”.

Алегри го пофали и Таиво.

“Верувам дека Таиво игра феноменално.Тој само треба да се прилагоди на новата лига, но   синоќа тој играше прекрасно.”-рече Алегри и додаде:

“Синоќешниот натпревар не беше лесен, но беше многу важно да се победи.Кога играш лошо, победата е многу битна.Мораш да играш и да бидеш упорен во ваквите натпревари, доколку сакаш да дојдеш до шанса и да постигнеш погодок” – заврши Алегри