Алегри: Милан нема да продава фудбалери
05/06/2012 16:42
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри е убеден дека Златан Ибрахимовиќ, Александре Пато и Тијаго Силва нема да го напуштат Милан во текот на летниот преоден рок.
Тројцата фудбалери беа поврзани со напуштање на „росонерите“, но Алегри инсистира дека пишувањата на медиумите се чисти измислици.
„Слушав и прочитав многу работи, но овој клуб не сака да продаде никого“- коментираше поранешниот тренер на Каљари.