Алегри: Сите сакаат да не видат мртви, но ќе треба да почекаат за да не погребат!
Алегри: Сите сакаат да не видат мртви, но ќе треба да почекаат за да не погребат!
Тренерот на Милан, Масимилиано Алегри истакна дека победата над Киево синоќа е од клучно заначење во борбата за титулата иако неговиот тим не играше добро.
Алегри притоа истакна дека критиките кои ги добил Милан се претерани, и иронично им возврати на медиумите кои изминатава недела силно го критикуваа и напаѓаа неговиот тим.
„Овој натпревар беше од исклучително значење за нас. Вистина е дека не игравме добро, но најважно е што победивме бидејќи во споротивно ќе испадневме од трката за Скудетото. Не сум задоволен од играта, но задоволен сум и аплаудирам на карактерот и духот кој го покажаа моите играчи“, изјави Алегр